Алкохол илустрација / Фото Sergejs Rahunoks / Alamy / Alamy / Profimedia

Љубител сте на алкохол? Овие четири прашања можат да откријат дали имате проблем со пиењето

Уште една причина да го пробате „Трезвен октомври“ – психијатар од Велика Британија предупредува за „епидемија на пиење на средна возраст“ што може да го зголеми ризикот од рак, па дури и рана смрт.

„Трезен октомври“ е предизвик кој ги поттикнува луѓето да се откажат од алкохолот и другите пороци во текот на октомври, што може да им го подобри сонот и менталното здравје, да доведе до губење на тежината, да го намали крвниот притисок и да помогне да се заштедат пари, пишува „Њујорк пост“.

„На мојата клиника среќавам многу мажи и жени. Кога ги прашувам за консумирање алкохол, тие обично велат дека не гледаат дека имаат проблем бидејќи работите сè уште не се дојдени до степен да се физички зависни од алкохол“, рекол д-р Макс Пембертон.

Пембертон препорача да се подложи на проценка на ЦАГЕ (CAGE) со четири прашања. Тоа е алатка за скрининг што може да го идентификува проблемот со злоупотреба на супстанции.

Оваа алатка беше развиена во 1968 година од д-р Џон Јуинг, професор по психијатрија и терапевт за зависности на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил. CAGE е кратенка за „Cut down“, „Anoyed“, „Guilty“ и „Eye-opener“.

Алатката се состои од четири прашања:

К – Дали сте почувствувале потреба да го намалите пиењето?

А – Дали луѓето ве нервираат кога ве критикуваат дека пиете?

Г – Дали некогаш сте се чувствувале лошо или виновни поради пиењето?

Е – Дали некогаш сте се напиле алкохол наутро за да ги смирите нервите или да се ослободите од мамурлакот?

Ако одговорите со „да“ на две или повеќе прашања, тоа значи дека има проблем што не може лесно да се објасни или коригира, објаснил Пембертон.

„Трезвен октомври“ е сè попопуларен ширум светот, особено меѓу милениумците. Пембертон рече дека учеството во овој тип на предизвик може да открие проблем што треба да се третира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот