Лиз Трас / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Лиз Трас го обвини американскиот „дип стејт“ за нејзиниот неуспех како британска премиерка

Лиз Трас, поранешната британска премиерка, вчера зборуваше на митинг на екстремната десница во Америка. Таа се претстави како популист кој се судри со еквивалент на американскиот „дип стејт“ во сопствената земја, пренесува Гардијан.

Трас беше меѓу главните говорници на овонеделната Конференција за политичко дејствување на конзервативците во Мериленд. Настанот е најголемиот годишен собир на конзервативците во Америка. Таа седеше до Најџел Фараж, поранешниот шеф на партијата Брегзит. На настанот присуствуваа и официјални лица од земји како Австралија, Унгарија и Јапонија.

„Се кандидирав за премиерка во 2022 година затоа што Британија не растеше, државата не ги исполнуваше условите и требаше да направиме повеќе. Сакав да ги намалам даноците, да го намалам административниот апарат, да ја преземам контролата, како што рекоа луѓето за време на референдумот за Брегзит. Се соочив со огромна реакција на естаблишментот, која всушност дојде од самата држава“, рече таа на собирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот