Диого Жота/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Ливерпул му го исплати целиот договор на семејството на Жота

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ја потврди одлуката на клубот да го исплати целиот преостанат договор на Диого Жота на неговото семејство, по трагичната смрт на португалскиот фудбалер.

Жота загина во сообраќајна несреќа само неколку дена по венчавањето со својата долгогодишна партнерка, со која има три деца. Во знак на почит и поддршка, Ливерпул одлучи целосно да го исплати двегодишниот договор, иако играчот веќе не е меѓу живите.

„Сопствениците често добиваат критики, исто како и ние тренерите, но начинот на кои тие се справија со ситуацијата, со тоа што на сопругата и децата и ги исплатија сите пари од договорот, тоа е за почит. Можеби луѓето мислат дека ова е нормално, но не е нормално во фудбалот“, вели предводникот на Ливерпул.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот