EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Литванскиот селектор во пресрет на мечот во Скопје: Ја победивме Македонија еднаш, можеме повторно

Селекторот на литванската ракометна репрезентација Гинтарас Савукинас по поразот на неговиот состав од Словенија, а во пресрет на неделниот меч во „Јане Сандански“ во Скопје, објаснува дека ги чека тежок дуел пред македонските фанови, но, смета дека добар резултат за неговиот тим е реална опција

Литванија е последниот противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2026. Мечот се игра в недела во „Јане Сандански“ (18 ч), а Литванците, како што велат, треба да освојат барем еден бод за да се надеваат на сигурен пласман на ЕП.

Литванија го изгуби мечот од претпоследното петто коло против Словенија во Вилнус (28-31), а селекторот Гинтарас Савукинас истакнува дека ништо не е загубено и со поволен резултат во Скопје сигурно ќе одат на ЕП.

Македонија во Талин ја совлада Естонија во својот меч од претпоследното коло (36-17).

Савукинас е свесен дека победата на Литванија над Македонија во второто коло беше во Вилнус на домашен терен, а на мечот во Скопје ќе биде поинаква атмосфера од трибините. Но, тој е оптимист.

– Секако, ќе биде потешко во Македонија, тоа го разбираме многу добро, но репрезентативците се решени да земат барем бод. Ако очекувањето за победа против Словенија беше реално, победа во Македонија е исто така реална. Секако, играњето пред сопствените навивачи е едно, а играњето пред навивачите на противникот е друго – вели Савукинас.

Неговиот најдобар играч Миндаугас Думичиус се согласува со својот селектор.

– Еднаш ги победивме Македонците. Секако, играњето таму пред нивните навивачи, со таква поддршка, е многу тешко. Ништо не е изгубено. Сè е во наши раце. Треба да се концентрираме, да го започнеме натпреварот подобро од оној со Словенија – вели Думичиус кој игра за германскиот второлигаш Елбфолоренц.

Литванија ја совлада Македонија во Вилнус во второто коло минатиот ноември со 29-27.

Македонија мора да оди на победа и против Литванија за пласман на ЕП 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!