Чомлек во грне / Фото: Wikimedia commons / АннаМариа

Листата ќе ве изненади: „Тејст атлас“ ги објави 10-те најлошо рангирани македонски јадења

Реномираната веб-страница за гастрономија, „Тејст атлас“ (Taste Atlas), објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница.

На прво место меѓу најлошо рангираните јадења од Македонија се најде кукурек, јадење кое многумина го сметаат за вистински деликатес.

„Тејст атлас“ пишува дека кукурек е македонски специјалитет кој се прави од плетени јагнешки црева. Процесот на правење на овој специјалитет е доста макотрпен. Традиционално, добро исчистениот и сварен кукурек се пече во земјен сад заедно со сечкан лук, варени моркови, ловорови листови, суви листови нане, мешани зачини, вода, супа од месо и по желба вино за вкус. Во садот се додава и запршка направена од комбинација од брашно, пиперка, буковец и масло за да се згусне сосот во кој се готви овој специјалитет.

На второто место за најлошо рангирани македонски јадења според „Тејст атлас“ се најде симит погача.

На третото место е јадењето кое традиционално со децении се прави во речиси секој дом – компир манџа.

Во продолжение погледнете ја комплетната листа на 10 најлошо рангирани јадења од Македонија, кои добија најниска оценка на веб-страницата „Тејст атлас“:

– Кукурек
– Симит погача
– Компир манџа
– Чомлек
– Макало
– Ширден
– Качамак
– Ѓомлезе
– Козињак
– Слатко од диви смокви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот