
Листа на најслушаните класични рок-уметници во секоја европска земја: Во Македонија омилен е култниот бенд „Квин“
Секоја добра рокенрол музика треба да ги премине сите меѓународни граници. Музиката отсекогаш ги зближувала луѓето, а можноста да се пее песна без разлика од која земја потекнува музичарот е една од причините поради која луѓето можат да се поврзат еден со друг на концертите.
Препорачано
Многу музичари успеаја да стигнат до глобалната сцена, а некои од главните столбови на класичната рок-музика успеаја да доминираат и во делови од Европа, пишува „Фараут магазин“.
Бендовите како што се „ЕјСи/ДиСи“, „Квин“, „Металика“,„Ролинг Стоунс“, „Битлси“, биле и сè уште се дел на многумина во секојдневниот живот.
„ЕјСи/ДиСи“, еден од врвните класични рок-бендови, иако доаѓаат од Австралија, тие успеаја да станат најпопуларни во земји како Швајцарија, Германија и Шведска, сите со вкупно 1,33 милијарди слушања на Јутјуб секој месец.
Рокерите од 1970-тите „Квин“ доминираат во музичкиот свет со години, а нивните песни достигнуваат речиси две милијарди слушања на Јутјуб. Но, не е вистинско изненадување што некој како „Квин“ би бил на врвот на ваква листа.
Повеќето од овие податоци доаѓаат од тоа колку луѓе кликнале на различни музички спотови од кој било бенд, нивната популарност е поради тоа како тие биле успешни и на сцената во живо.
Доброто шоу во живо е од големо значење, за што сведочи и способноста на Брус Спрингстин да се конектира со публиката.
Но, надвор од нивните одлични песни, дали навистина постои „Икс фактор“ кој ги дефинира овие бендови како вистински врв во културата?
Од „Фараут магазин“ велат дека популарноста не мора да значи да бендот мора да има продлабочени текстови, но ако има нешто универзално во песните, загарантирани се полните арени и публика која ќе ги пее.
Во продолжение листата на најслушани рок-бендови во секоја европска земја, според „Фараут магазин“:
Норвешка – Брус Спрингстин
Шведска – „ЕјСи/ДиСи“
Финска – „Металика“
Естонија – „Квин“
Латвија – „Квин“
Литванија – „ЕјСи/ДиСи“
Полска – „Квин“
Белорусија – „Квин“
Австрија – „ЕјСи/ДиСи“
Словачка – „Квин“
Унгарија – „Квин“
Украина – „Квин“
Молдавија – „Квин“
Романија – „Квин“
Босна и Херцеговина – „ЕјСи/ДиСи“
Бугарија – „Металика“
Србија – „ЕјСи/ДиСи“
Македонија – „Квин“
Кипар – „Квин“
Грција – „Квин“
Албанија – „Металика“
Црна Гора – „ЕјСи/ДиСи“
Хрватска – „Квин“
Малта – „Квин“
Италија – „Квин“
Исланд – „ЕјСи/ДиСи“
Словенија – „Квин“
Португалија – „Квин“
Шпанија – „Квин“
Швајцарија – „ЕјСи/ДиСи“
Франција -„Квин“
Луксембург – „Квин“
Велика Британија – „Квин“
Ирска – „Квин“
Белгија – „Квин“
Холандија – „Квин“
Данска – „Квин“
Чешка – „Квин“
Германија – „ЕјСи/ДиСи“