фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Лионел Меси одби да игра за друга репрезентација и остана верен на Аргентина

Лионел Меси (35) го оствари својот сон по освојувањето на Светското првенство во Катар на 18 декември како капитен на репрезентацијата на Аргентина.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот, покажа одлични перформанси и еден од најзаслужните за светската титула на Аргентинците годинава.

Интересно, сè можеше да биде поинаку бидејќи фудбалерот на ПСЖ имаше понуда да игра за шпанската репрезентација.

Меси во оваа земја дојде на 13 години и има државјанство, а еве што откри Висенте дел Боске, поранешниот селектор на „црвената фурија“.

– Имаше обид Шпанија да го добие Меси, но тој реши да игра за репрезентацијата на земјата во која е роден, остана доследен – изјави човекот кој со Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство две години подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот