фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Лига на шампиони: Кој ќе игра во финалето, Манчестер сити или Реал Мадрид?

Фудбалерите на Манчестер сити и Реал Мадрид денеска на „Етихад“ од 21.00 часот ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар на „Сантјаго Бернабеу“ заврши со резултат 1:1.

Со оглед на тоа што веќе не важи правилото „гол на гости“, ниту една екипа нема предност пред реваншот. Победникот од овој двомеч во финалето на 10 јуни во Истанбул ќе игра против Интер кој во италијанската пресметка го елиминираше Милан.

За Реал ловот на победа кај Сити е особено тешка задача, бидејќи на претходните четири гостувања во Лигата на шампионите на „Етихад“ никогаш не успеал да победи. Сити сезонава е посилен за феноменалниот стрелец Ерлинг Халанд кој постигна 52 гола на 48 натпревари. Но, на првиот натпревар во Мадрид беше целосно „исклучен“ од Антонио Ридигер, па за возврат се очекува да се врати одличниот норвешки напаѓач.

Двете екипи одиграа многу претпазливо во првите 90 минути, на реваншот еден гол може да ја промени ситуацијата на теренот. Реал Мадрид има еден голем хендикеп, а тоа е непознатиот статус на Едуардо Камавинга. Тој се повреди на натпреварот од претходниот викенд против Хетафе, а не е познато дали ќе игра против „Граѓаните“.

Од друга страна, не се знае дали менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола во составот ќе го има Нејтан Аке кој е под знак прашалник.

Реал Мадрид ја брани титулата, а Манчестер сити е подготвен за одмазда. Историјата што ја имаат овие два тима, заедно со квалитетот на теренот, и значењето на овој натпревар треба да биде добитна комбинација за уште еден спектакл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот