Валмир Нафиу („Шкендија“) беше стрелец на вториот гол во победата над ерменскиот Арарат/7 јули/Скопје, Македонија/Фото: facebook.com/fcshkendija

Лига на конференции: Шкендија со предност ќе патува на реваншот во Ереван

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје екипата на Шкендија триумфираше со 2:0 против Арарат Ереван од Ерменија во првиот натпревар од првото квалификациско коло на Лигата на конференции.

Играчите предводени од тренерот Артим Шаќири со предност ќе патуваат на реваншот кој е закажан за 14 јули во Ереван.

Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло во Лигата на конференции на 21 и 28 јули ќе ги одмери силите против летонската Валмиера.

На вечерашниот дуел двата голови на тетовските „црвено-црни“ беа реализирани во текот на првото полувреме, првиот беше дело на Шала во 21 минута, а вториот на Нафиу во 45 минута. И во двата погодоци асистент беше Дориев.

Лига на конференции
1. квалификациско коло, први натпревари

Шкендија – Арарат Ереван 2:0
Алашкерт – Хамрун 1:0
Санта Колома – Бреидаблик 0:1
Борац Бања Лука – Б36 Торшавн 2:0
Паневезис – Милсами 0:0

Флора – СЈК 1:0
КуПС – Дила Гори 2:0
Магпис – Крусејдерс 2:1
Погон Шчекин – Рејкјавик 4:1
Сабуртало Тбилиси – Партизани 0:1

Ружомберок – Кауно Жалгирис 2:0
Динамо Тбилиси – Паиде 2:3
Флориана – Петрокуб 0:0
О. Љубљана – Диферданж 1:1
Сф. Георге – Мура 1:2

Бала – Слиго Роверс 1:2
Динамо Минск – Дечиќ 1:1
Фола – Тре Фиори 0:1
Гиљани – Лиепаја 1:0
Торшавн – Њутаун 1:0
Лачи – Искра 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!