Маркетите Лидл/ Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

„Лидл“ бара локации во скопска Кисела Вода

Скопската Општина Кисела Вода информира дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера  остварил средба со претставниците на „Лидл“, кои биле заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар.

– Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на „Лидл“ од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода. Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регионален дистрибутивен центар на германскиот гигант, кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија. На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите што Општина Кисела Вода ги нуди, како средина што има добра местоположба и развој што одговара на потребите на оваа компанија. Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти, кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој рече дека инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број луѓе.

– Вреди да се спомене и фактот дека вработените би имале плати што се околу или над просечните во Македонија – рече Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот