Бурни односи помеѓу Тел Авив и Ријад - Илустрација Профимедија

Лидерот на Хамас го одбил планот на Трамп – групата ќе продолжи да се бори против Израел

Лидерот на Хамас во Појасот Газа наводно им порачал на посредниците дека го одбива новиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на тековната војна меѓу палестинската милитантна група и Израел, јавува Би-би-си.

Неименуваниот извештај наведува дека Из ал-Дин Хадад, поранешен командант на Бригадата во градот Газа, сметал дека планот е смислен за да стави крај на Хамас, без разлика дали организацијата ќе го прифати или не.

Затоа, милитантната група наводно била спремна да продолжи да се бори против Израел.

Инаку, египетскиот шеф на дипломатијата, Бадр Абделати, соопшти дека Каиро, во тесна координација со Катар и со Турциј,а работи на тоа да го убеди Хамас да го прифати мировниот план на Трамп за ставање крај на речиси двегодишниот конфликт во Газа, додавајќи дека се потребни уште разговори за расчистување на преостанатите дилеми.

Претходно Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас има рок од три до четири дена да одговори на неговиот мировен предлог за Појасот Газа, предупредувајќи дека во спротивно групата ќе се соочи со последици.

Хамас соопшти дека веројатно нема да го прифати планот на Трамп за Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот