Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Лицата кои спаѓаат во оваа категорија, нема да можат да патуваат во странство додека не помине коронавирусот
Забелешките на ЕЦДЦ следуваа кога претставниците на туризмот ги притискаа земјите од ЕУ да ги ублажат забраните за патувања воведени за борба против вирусот.
Дури и ако наскоро се укине карантинот и се покрене целосно авиосообраќајот, на постарите луѓе можеби ќе им биде забрането да патуваат во странство.
Препорачано
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека е потребно да се ограничи движењето на ранливите категории дури и кога ќе биде укината мерката за изолација.
– Постојат различни групи кои коронавирусот повеќе ги погодува и кај кои постои поголема веројатност дека ќе починат. Значи, кога зборуваме за укинување на рестриктивните мерки или дури за туризмот, ние исто така зборуваме дека луѓето кои се под поголем ризик не би требало да патуваат додека вирусот е уште тука – рече д-р Андреа Амон, директор на ЕЦДЦ.
Разни фактори влијаат на тежината на клиничката слика на лицата заразени со Ковид-19, но Европскиот центар за превенција и контрола на болести ги класифицира сите постари од 70 години и оние кои имаат хронични болести како хипертензија, дијабетес, срцеви болести и рак во групата на најранливи.
Се напоменува дека „мажите во овие групи се изложени на поголем ризик од жените“.
Забелешките на ЕЦДЦ следуваа кога претставниците на туризмот ги притискаа земјите од ЕУ да ги ублажат забраните за патувања воведени за борба против вирусот.
Фриц Јоусен, генерален директор на компанијата ТУИ, рече дека „во Германија и во Европа, патувањата и одморите имаат големо значење за луѓето“.
– Сега мораме добро да излеземе од кризата. На туризмот во Европа му треба јасна перспектива, додаде Јоусен.
Рече дека би требало да се дозволи отворање на оние земји кои „добро напредувале“ во борбата против вируост и дека скаат туристите да се вратат, вклучително во Грција, Кипар, Португалија, Австрија, Балеарските острови и Бугарија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
14мин
-
14мин
-
26мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5