
Лично ги видов документите на Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест, тврди Јотова
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова тврди дека лично ги видела документите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест и потекло, јавува БТА.
Препорачано
БГНЕС: Сања Божиновска е штитеничка на контроверзни српски олигарси
Бугарската потпретседателка го коментирала и примерот со еден од министрите во актуелниот кабинет во Македонија, кој се исмеал со добиеното бугарско државјанство.
„Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарско самосвест и потекло“, рече Јотова.
Како што објави 360 степени, Божиновска прво негирала дека има бугарско државјанство, а потоа за телевизија Канал 5 призна дека имала бугарски пасош, додавајќи дека постапката за отпуст од бугарско државјанство била финализирана.
Сепак, во прилогот се вели дека Божиновска не одговорила дали добила и решение за отпуст од бугарското државјанство, без што таа и понатаму е државјанка на Република Бугарија.
– Во еден период од животот, како и многу Македонци, од економски причини сум имала бугарски пасош и мислам дека сум една од ретките која се откажала, сум го вратила државјанството и немам повеќе валидна патна исправа, ни лична карта. И никој не се занимава зошто имам чешки пасош – рече Божиновска во гостување во подкастот „Бизнис муабети“ на порталот „Фактор“.
БГНЕС: Сите членови на најблиското семејство на Божиновска се бугарски државјани