Фото „Слободен печат“
Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Лиценци за стоматолозите ќе издава секторот за стоматологија во Министерството за здравство, по хибридни обуки на факултетите во Скопје и Тетово, рече Алиу

Откако министерот за здравство Азир Алиу ѝ го одзеде овластувањето на Стоматолошката комора да издава лиценци, поради наводно незаконски обуки што ги држела преку „нерегистрирани здруженија“, сега повторно со помош на Комората ќе го врши лиценцирањето чии ингеренции ги присвои. Во комората е целиот регистар на стоматолози, а со кју-ар кодови се заведени и сите обуки на заболекарите коишто ги посетувале, а кои Министерството за здравство ги проблематизира. Комората е и таа што ќе го врши стручниот надзор.

Алиу изјави дека од денеска сите апликации за лиценцирање и релиценцирање на стоматолозите, докторите ќе може да ги доставуваат во Секторот за стоматологија во Министерството за здравство кое „заедно со вработените во Стоматолошката комора“ ќе може да ги процесуира сите барања.

Според Алиу нема да има застој, туку на ваков начин ќе има само ред и закон, а лиценцирањето ќе биде во ист временски рок како и до сега, а можеби и побрзо.

-Ќе тераме до крај за стоматолозите да имаат лиценци што се валидни, а пациентите да добиваат квалитетни услуги. Тоа што го потпишав го потпишав врз основа на документи и факти и стојам позади него, рече Алиу за одземањето на овластувањето од Стоматолошката комора. 

Стоматолошката комора нема ни да држи континуирана медицинска едукација како што тоа го правеше од 2006 до сега. Алиу направил нов начин на едукација.

Разговарано е со двата факултети за стоматологија во Скопје и во Тетово. Тие набрзо ќе излезат со курикулум и материјал кој ние ќе го добиеме и врз основа на тој материјал наскоро ќе се организираат хибридни обуки. Тука, во просториите на факултетите во Скопје и во Тетово и онлајн. Сите чекори ги презедовме и од аспект на обуки и критериуми за лиценцирање и релиценцирање на стоматолозите, рече министерот.

„Тепачката“ за тронот во Стоматолошка комора отиде предалеку – министерот за здравство изврши упад во сите лиценци на стоматолозите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот