Лицата со оштетен вид во државата бараат еднаков пристап и подобра инклузија во општеството

По повод Меѓународниот ден на белиот стап, Националниот сојуз на слепи го истакнува значењето на ова незаменливо помагало за лицата со оштетен вид.

„Белиот стап не е само симбол за слепиот човек, туку и алатка која нему му овозможува независност, слобода и безбедност при движењето“, се подвлекува во денешното соопштение.

Со правилна употреба, белиот стап обезбедува три клучни функции. Прво, се наведува во соопштението е заштитна функција, овозможува избегнување на пречки и обезбедува безбедност при движењето, потоа информирачка функција обезбедува тактилен и звучен фидбек од околината и идентификациска функција служи за препознавање на лицето со оштетен вид во општеството и на јавен простор.

„Овој ден е можност да се потсетиме на важноста на белиот стап како средство за подобрување на квалитетот на живот и интеграција на лицата со оштетен вид во општеството. Во таа насока, Националниот сојуз на слепи повикува на поддршка и разбирање од сите чинители во општеството, почнувајќи од највисоките институции па се до секој поединец, со цел да се овозможи еднаков пристап и подобра инклузија за сите лица со оштетен вид во државата“, соопшти Националниот сојуз на слепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот