Димитар Апасиев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Левица: Сами ќе настапиме на изборите, не разговараме со никого за коалицирање

Левица преку соопштение до медиумите ги демантира тврдењата што кружат во јавноста дека наводно преговара за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори.

Од партијата велат дека не водат никакви разговори ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, а како што посочуваат, најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање.

„Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции! Левица ќе настапи самостојно, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати.

Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со интегритет, без оглед дали се партиски членови или не, сè додека ја делат визијата за промена и конечно функционална локална самоуправа во служба на граѓаните“ велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот