депонија Дрисла/ Фото: Архива

Левица против приватизација на „Дрисла“: Тоа ќе донесе само приватен профит на штета на граѓаните

Левица соопшти дека е против приватизација на јавните претпријатија како решение на проблемот со депонијата „Дрисла“. Од партијата велат дека нивниот став е јасен – јавните претпријатија треба да бидат народни претпријатија, управувани професионално и во интерес на граѓаните, а не на приватниот профит.

Велат дека е јасна намерата на премиерот Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за спроведување масовна приватизација на јавните претпријатија преку јавно-приватни партнерства.

„Последните четири години, под нивна власт, сведоци сме на систематско техничко и финансиско колабирање на јавните претпријатија. Ова е свесна стратегија преку која на граѓаните полесно им се продава приватизацијата како единствено решение.

Идентичен модел видовме во 2006 година, кога СДС го продаде дистрибутивниот дел од електроенергетската мрежа на ЕВН. Што доби народот? Постојано зголемување на цената на струјата и никакво подобрување на услугите“ наведуваат од партијата.

„Дрисла“ велат дека е единственото профитабилно претпријатие во градот, а јавно-приватно партнерство нема да донесе подобрување, туку ќе донесе само приватен профит на штета на граѓаните.

„Ако ДПМНЕ навистина цели кон подобрување, нека се погрижи нивниот коалиционен партнер, градоначалникот на Општина Тетово, да го плати својот долг кон Дрисла, бидејќи и нивниот отпад завршува таму“ порачаа од Левица.

Подметнатиот пожар од завчера, според Левица, е дел од стратегијата да се создаде перцепција дека „Дрисла“ е нефункционална и дека единствено решение е приватизација, односно отворање на портите за нов „бонбона-бизнис”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот