Димитар Апасиев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Левица поднесе претставка за групна политичка дискриминација и до КСЗД

Опозициската Левица која е единствената партија која не може да се рекламира за време на политичката кампања за локалните избори поднесе претставка за групна политичка дискриминација и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ова е последната инстанца до која партијата бара интервенција на спорното упатство што го донесе Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги кое произлегува од Изборниот законик за кој партијата иако бара измени, Собранието нема досега свикано собраниска седница.

 

Апасиев со тужба до Уставен – Ова ни е абер од Мицкоски преку неговиот подлизурко, следно е да ни ја забранат партијата

-Поднесена е и Претставката за групна политичка дискриманција до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со посебно барање за нејзино вмешување во спорот како „Пријател на судот“ (лат. Amicus curiae). Со ова ги исцрпуваме сите домашни правни средства, инструменти и лекови кои ни стојат на располагање согласно домашното позитивно право, по што нашиот правен тим ќе премине кон подготовка на кривичните пријави против членовите на Советот на АВМУ (поименично) плус спремање на вештачење за финансиска оштета (солидарна одговорност) + апликација пред Европскиот суд за човекови права (Стразбур) – објави претседателот на партијата.

Иако поднесоа претставки и барање за времени мерки и до Уставен и до граѓански суд, Апасиев вели дека одговор нема од никаде.

– Одговор нема од никаде, иако постапките што ги иницираме се итни!? Институциите на режимот чекаат Изборите да завршат, па да се прогласат за „ненадлежни“ – објави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот