Левица

Левица објави девет нови кандидати за градоначалници

Левица ги претстави своите кандидати за градоначалници за Гевгелија, Куманово, М.Брод, Крушево, Кочани, Илинден, Пехчево, Берово, Ранковце и Старо Нагоричане.

Од партијата велат дека станува збор за вистински луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои како што посочуваат, ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа.

Кандидатите на Левица се: Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик, Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности, Македонски Брод – Марјан Ѓурчески, магистер по фармација, Крушево – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер,
Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани, Илинден – Мартин Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, Пехчево – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина, Берово – Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина, Ранковце – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии, Старо Нагоричане – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма.

„Со оваа група на кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно.Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните“ порачаа од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот