Ивица Томовски / Фото: Фејсбук

Левица: Непотизмот царува во владата, сестрата на директорот на СОЗР вработена во МВР

Од Левица продлжуваат со нови обвинувања за непотизам во Владата. Овој пат, како што велат, се работи за вработување на сестрата на директорот на Службата за општи и заеднички работи – Ивица Томовски, која велат дека е вработена во ОВР-Струга, без никакво претходно искуство во безбедносниот сектор.

-Ова не е прв скандал со директорот на владината Служба, која периодов е најактивна во реализирање тендери за егзотично овошје и скапи прошетки на владините функционери. Имено, претходно медиумот ,,Радио Слободна Европа“ објави скандал со тендерот на СОЗР за обезбедување на државните објекти. Како што објави тогаш медиумот, тендерот го доби приватната агенција за обезбедување „Праеториан ДООЕЛ“, чиј сопственик Власе Танаскоски е во роднински врски со директорот Ивица Томовски. Освен што директорот на владината служба доделил тендер на свој роднина, скандалозното е и што сопственикот на агенцијата која ќе ги обезбедува државните објекти претходно бил правосилно осуден за трговија со дрога.

Ивица Томовски важи за близок соработник на Мицкоски, а нивните бизнис-интереси датираат уште од времето кога Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ. Тогаш, компанијата „Сити Логистик“ (во сопственост на Ивица Томовски) добила тендери во вредност од 60.000 евра од страна на ЕЛЕМ, со потпис на Христијан Мицкоски – се вели во соопштението на Левица.

Од партијата додаваат дека праксата на скандалозни тендери и вработувања по партиска и роднинска линија ја продолжува и оваа влада, додека, како што велат, младите секој ден сè повеќе се иселуваат, затоа што компетентноста и стручноста не е никаков приоритет на, според Левица, криминогени партии кои егзистираат врз непотизам и партиски вработувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот