
Левица бара вршителите на семејно насилство да се гонат по службена должност
Политичката партија Левица бара од министерот за правда, Игор Филков, да иницира измени на Кривичниот законик со коешто вршителот на семејното насилство би се гонел по службена должност со што сторителот ќе биде со сигурност казнет.
Препорачано
„Постојниот Кривичен законик за случаи на телесна повреда при вршење насилство врз жена или семејно насилство предвидува гонење по предлог на жртвата. Ова им остава простор на жртвите под притисок од насилникот, под страв или како резултат на психичко растројство од извршеното насилство – да ја повлечат пријавата, да се прекине постапката и извршителот на насилството да остане без казна, на слобода, претставувајќи закана за жртвата. го повикуваме Министерот за правда од ЗНАМ, Игор ФИЛКОВ, без одложување да иницира измени на Кривичниот законик, во насока на запирање на овој монструозен хаос поради кој жените се обесхрабрени да го пријавуваат насилството. Потребни се мали измени со коишто стореното кривично дело „телесна повреда“, нема да може да биде амнестирано под притисок на насилникот, односно гонењето ќе биде целосно препуштено на надлежните органи и ќе се гони по службена должност, а сторителот ќе биде со сигурност казнет“, бараат од Левица.
Млад штипјанец ја убил девојката, вечерва самиот се предал во полиција
Како што се вели во нивното соопштение, само 2% на насилство се пријавува кај надлежните институции, а и оној мал број на пријави не завршуваат соодветно, поради повлекување на предлогот од страна на жената-жртва на насилство и запирање на постапката.
„Жените жртви на семејно насилство не смеат да останат незаштитени и сами во нивната институционална борба против насилникот, која што борба пак, де факто значи борба за живот. Законодавството и надлежните мораат да се постават на страна на жртвата и да создадат безбедна средина, искоренувајќи ја храброста на насилниците да се претворат во потенцијални убијци“, велат од партијата.
Барањето на Левица доаѓа откако во петокот дваесет и деветгодишна штипјанка беше убиена од својот партнер кој потоа и се предаде на полицијата. Жртвата претходно пријавила насилство, но постапката против ф.З кој го изврши убиството врз неа било запрено на 2 септември, со образложение дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите.
Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладини организации