Џеф Безос/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Летот во Вселената на милијардерот Џеф Безос беше успешен

Летот во Вселената на милијардерот Џеф Безос преку неговата компанија „Блу ориџин“ беше успешен. Слетувањето по првиот нивен лет со човечки екипаж, мина без никакви проблеми. Летот до Вселената траеше 11 минути. Меѓу астронаутите е и братот на Џеф, Марк Безос. Посадата ја сочинуваа и американската авијатичарска ветеранка Воли Фанк, која е во своето деветто десетлетие од животот, како и 18-годишниот Оливер Дајмен.

„Њу Шепард“ беше лансиран во 15:00 часот по македонско време, од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас.

Пред само десетина дена, еден друг милијардер и соперник на Безос во трката за вселенскиот туризам – основачот на „Вирџин Галактик“, Британецот Ричард Бренсон го имаше своето успешно „огнено крштевање“ во Вселената. Сепак, целите на „Блу ориџин“ се поамбициозни – во однос на височината до која ќе се издигне леталото „Њу Шепард“ на Безос, но и во однос на идните планови.

Безос ја основа вселенската агенција во 2000 година, со цел еден ден да се изградат вселенски колонии со вештачка гравитација во коишто луѓе ќе работат и живеат. Компанијата денес работи и на орбиталната ракета „Њу Глен“ чија цел е слетување на Месечината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот