
Лестер се израмни со Јунајтед за највисока победа во историјата на Премиер лигата (ВИДЕО)
Вечерва на „Ст. Мери`с“ стадионот во Саутемптон дебакл доживеаја домаќините кои загубија со 0:9 од екипата на Лестер која останува при врвот во најсилната англиска лига.
Препорачано
Популарните „лисици“ поведоа во 10. минута со погодокот на Чилвел, а им помогна и црвениот картон кај домаќините 120 секунди подоцна кој го доби Бертранд.
Гол-серијата ја продолжи Тилеманс, па двапати во листата на стрелците се запиша Перез, а на пауза со 0:5 се погрижи Варди.
Leicester equal the record for the Premier League's biggest ever win! ??? pic.twitter.com/VgR6FZIPOS
— Goal (@goal) October 25, 2019
Шпанскиот интернационалец Перез го комплетираше својот хет-трик во 57. минута, па Варди го реализираше вториот погодок, па му се придружи Медисон, а конечниот епилог од пенал го постави Варди кој исто така запиша три гола на оваа средба.
Колото ќе продолжи со уште поголем број на мечеви претстојниот викенд, а со шестата победа Лестер е на второто место со 20 бодови.
Саутемптон со шестиот пораз се наоѓа во опасната зона за испаѓање со осум бодови.
Со оваа победа Лестер се израмни со рекордот на Манчестер јунајтед за највисока победа во историјата од 9:0 и воопшто највисоката гостинска победа во Премиер лигата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
52мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5