фото: fc-union-berlin.de

Леонардо Бонучи е нов фудбалер на Унион Берлин

Денеска и официјално е потврден трансферот на 36-годишниот италијански дефанзивец во редовите на Унион Берлин.

Леонардо Бонучи кој до сега ги бранеше боите на Јувентус, со германскиот клуб потпиша договор кој ќе трае до 30 јуни 2024 година.

Тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри уште во јануари јасно му стави до знаење на Бонучи дека повеќе не смета на него, а јасно е дека во првата прилика ќе мора да го напушти Торино.

Првите фудбалски чекори Бонучи ги направи во Интер, а потоа во кариерата играше и за Тревизо, Пиза, Џенова, Бари, Јувентус и Милан. За италијанската репрезентација дебитираше во 2010 година, оттогаш забележа 121 настап и постигна осум голови.

Во четвртокот Унион Берлин ги доби противниците во групната фаза од Лигата на шампионите, тие се Реал Мадрид, Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, и Брага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!