Лионел Меси беше најслабо оценет фудбалер на ПСЖ во победата над Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/Yoan Valat

„Лекип“ нема милост кон Меси

ПСЖ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид славеше со минимални 1:0, а малку фалеше најголем трагичар да биде Лионел Меси.

Меси во 62. минута промаши пенал, неговиот удар го одбрани Тибо Куртоа, а победата на „светците“ ја донесе Килијан Мбапе во третата минута од судиското продолжение.

ВИДЕО: „Идниот крал“ Мбапе со фантастичен гол го урна Реал Мадрид

Француски „Лекип“ немаше милост кон Меси, му ја даде најниската оценка досега 3, бидејќи по нивно мислење, Аргентинецот беше најслаб играч во ПСЖ, а по него следи Анхел ди Мариа со оценка 4.
Меси имаше слабо влијание на играта на ПСЖ, имаше голем број на загубени топки иако им создаде две шанси на Мбапе и на Нејмар кои не беа искористени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот