„Парацетамол предизвик“ на Тикток, нова закана за младите/Фото: EPA-EFE/BAGUS INDAHONO

Лекарите спасија 13-годишно девојче од Пазарџик кое се предозирало со парацетамол

Лекарите од болницата во Пазарџик, Бугарија го спасија животот на 13-годишно девојче кое се затруло со непознато количество на таблети парацетамол. Веројатно причината за интоксицираноста е предизвик од социјалната мрежа Тикток.

Девојчето е примено во лоша општа состојба, при што е направено измивање на стомакот и други иследувања. Во консултација со педијатар продолжено е лекувањето на педијатриското одделение по што се наоѓа во добра здравствена состојба. Исто така и психолог ја консултирал малолетничката за да се утврдат причините за инцидентот и да ѝ се даде неопходна поддршка. За случајот се известени и Дирекцијата за социјална работа од Пазарџик и Агенцијата за заштита на деца.

Пиењето парацетамол е нов предизвик на социјалната мрежа Тикток, кој станува популарен во различни држави во светот и е врзано со прекумерно земање на парацетамол. Специјалистите предупредуваат дека неконтролираното внесување на овој лек може да доведе до тешки оштетувања на црниот дроб, бубрезите и централниот нервен систем, а при високи дози и до фатален исход.

Педијатрите ги предупредуваат родителите да бидат внимателни и да разговараат со децата за ризиците од неконтролирано земање на лекови кои пак во домашни услови треба да се чуваат на места недостапни за децата и да се користат само по препорака на лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот