
Лекари без граници ја прекинаа работата во Русија
Хуманитарната организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières) со седиште во Швајцарија соопшти дека е принудена да ја прекине работата во Русија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Со тешко срце мораме да ги прекинеме нашите активности во Русија, изјави шефот на руската програма на Лекари без граници.
Организацијата е присутна во Русија од 1992 година, но во август соопшти дека добила известување од руското Министерство за правда оти канцеларијата е отстранета од регистарот на невладини организации.
Лекари без граници, заедно со Министерството за здравство на Русија, имплементираа програми во Москва, Санкт Петербург, Архангелск, Иваново и Кемеровскиот регион, Чеченија, Ингушетија и Дагестан.
Фокусот на таа организација беше лекување и превенција од туберкулоза, особено тешки форми, ХИВ, други заразни болести и работа со ризични групи, вклучително и мигранти.
По почетокот на руската инвазија врз Украина, Лекари без граници обезбедија медицинска и хуманитарна помош за бегалците од Украина и Русите кои се преселија од пограничните области во безбедните региони на Русија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
52мин
-
53мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5