Карлос Алкараз/фото: EPA/MARK LYONS

Лехечка закажа четвртфинале против Алкараз на САД опен

Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка денеска се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД, откако го победи Французинот Адриан Манарино со 3:1 во сетови 7:6(4), 6:4, 2:6, 6:2.

Лехечка, рангиран на 21 место во светот, го победи 77 играч на АТП листата по три часа и 16 минути.

Противник на Лехечка во четвртфиналната фаза на САД опен ќе биде Карлос Алкараз од Шпанија.

Алкараз успеа да го елиминира Артур Риндрекнеш од Франција со 7:6 (3), 6:3 и 6:4 за два часа и 14 минути игра.

Во женска конкуренција првата тенисерка која обезбеди пласман во четвртфиналето е четвртата носителка на турнирот, Џесика Пегула.

Пегула во американскиот дуел за скоро еден час игра ја совлада Ен Ли со резултат 6:1 и 6:2.

За пласман во полуфиналето Пегула ќе игра против победничката од мечот меѓу Барбора Крејчикова (Чешка) и Тејлор Таунсенд (САД).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот