Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Легендите на бугарскиот фудбал ќе помагаат на настраданите во трагедијата во Кочани

Фондацијата „Национали94“ која ја формираа легендарните бугарски фудбалери кои настапуваа на СП 1994 година, Христо Стоичков, Борислав Михаилов и Красмир Балаков ќе се вклучи во помошта за настраданите во трагедијата во Кочани.

Имено, фондацијата ќе собере финансиски и сите ќе ги донира за жртвите од трагедијата.

„За трагедија нема датум и време. По ова остануваат само солзи и голема болка. Ние како фондација „Национали94“ сакаме да изразиме сочувство до загинатите. Фудбалот не спријатели со луѓе од Македонија и важно е во овој момент да ја дадеме нашата поддршка“, соопштија од фондацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот