Фото: Инстаграм/EPA

Легендарниот Слеш објави тажна вест: Почина неговата поќерка на 25-годишна возраст

Американскиот гитарист Сол Хадсон (58), познат како Слеш, сподели трагична вест – почина неговата поќерка Луси-Блу Најт на 25-годишна возраст.

„Луси-Блу Најт (родена на 6 декември 1998), саканата ќерка на Миган Хоџес и Марк Најт, поќерка на Саманта Сомерс Најт и Слеш, сестра на Скарлет Најт, присестра на Лондон и Кеш Хадсон, почина мирно во Лос Анџелес на 19 јули. Луси-Блу беше неверојатно талентирана уметници, страсна сонувачка и шармантна, љубезна и слатка душа“, се вели во соопштението.

Семејството побара приватност во овој тежок период.

Фото: Инстаграм/Слеш

Бројни пријатели и колеги од музичката сцена му искажаа сочувство на Слеш.

Една од оние кои му дадоа поддршка е и Сузан Холмс Мекаган, сопругата на Даф Мекаган, кој свири со Слеш во „Ганс енд роузес“.

„Зборовите не можат да го опишат нашето најдлабоко сочувство. Многу ве сакаме сите“, напиша таа, а ќерката на Даф, Грејс, исто така изрази сочувство.

Фото: Инстаграм/Луси-Блу Најт

Тажната вест ја искоментира и Мелиса Рис, членка на „Ганс енд роузес“.

„Не можам да најдам соодветни зборови. Ви ја испраќам апсолутно сета љубов, прегратки, сочувство и поддршка“, напиша таа.

Слеш, непосредно пред да ја објави веста за смртта на својата поќерка, откажа четири датуми од неговата соло турнеја „SERPENT“, наведувајќи ги „непредвидените околности“ како причина. Како што напиша тогаш, со турнејата ќе продолжи на 28 јули.

Легендарниот гитарист и мајката на Луси, Меган, беа во врска кон крајот на осумдесеттите години, по што раскинаа. Тие се смирија во 2015 година, а и денес се во врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот