Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Легендарниот Марек Хамшик става крај на кариерата

Поранешиот фудбалер на Наполи, Марек Хамшик кој прерасна во вистинска легенда на овој клуб објави дека става крај на кариерата во дресот на Трабзонспор.

Хамшик во текот низ годините стана препознатлив и по својата специфична фризура, а во дресот на репрезентацијата на Словачка играше 15 години и забележа 136 настапи во кои постигна 26 гола. Најголемиот успех со репрезентацијата го постигна во 2010 година кога на Светското првенство во 2010 година стигна до осминафиналето.

„Одлуката воопшто не беше лесна, но завршувам една прекрасна авантура“, изјави 35-годишниот фудбалер.

Во клупската кариера Хамшик најголема трага остави во дресот на Наполи за кој одигра повеќе од 400 натпревари. За Трабзон игра од 2021 година година, настапуваше уште во Бреша, Далиан и кратко во Гетеборг во Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!