
Легендарниот фудбалер Лукас Подолски донира за настраданите во земјотресот во Турција
На почетокот на февруари северот на Сирија и југоисточниот дел на Турција беа погодени од страшни земјотреси. Над 50.000 илјади лица ги загубија животите, многу повредени, а сега легендарниот Лукас Подолски барем за кратко ја врати насмевката на лицата на жртвите.
Препорачано
По трагедијата што ги снајде двете споменати земји, речиси цел свет се обедини да помогне, а има и многу познати личности кои даваат свој придонес. Меѓу нив е и германскиот фудбалер Лукас Подолски, кој реши да им помогне на настраданите со 100 илјади евра и 500 контејнери за домување.
– Бев во тотален шок кога ја слушнав трагичната вест од Турција. Отсекогаш се чувствував како дома во оваа земја, поради што бев толку погоден од оваа катастрофа што откорна дел од мене. Моето срце е со вас во овие тешки моменти. Неодамна имав можност да посетам регион кој неодамна беше погоден од земјотреси. Ме шармираше со својата убавина. Многу ми е жал за луѓето кои настрадаа, кои ги загубија домовите и своите најблиски. Знам дека тоа ќе биде долг процес. Сакам да донирам два милиони турски лири на луѓето кои сега немаат куќи и се обидуваат да изградат нов живот, да помогнам да се подготват контејнерски куќи.
Се надевам дека што поскоро ќе ја достигнеме целта од 500 контејнери. Секогаш ќе бидам подготвен да дадам се од себе за турскиот народ. Сакам да знаеш дека не си сам, дека Полди е ваш брат и секогаш ќе бидам тука за вас – напиша Подолски на Инстаграм на турски.
За Подолски Турција има посебно место во неговата душа. Германскиот напаѓач играше две години во Галатасарај и сезона и половина во Анталијаспор. Да потсетиме, во неделата кога и се случи оваа несреќа на Турција, Подолски најави дека донира дневен оброк од своите ресторани кои ги поседува во оваа земја.
Инаку, Подолски моментално настапува во Полска каде го носи дресот на Горник. Оваа сезона на 20 натпревари постигна четири гола и запиша шест асистенции.