Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Легендарниот француски тренер Лоран Блан има нов клуб

Познатиот француски стратег, Лоран Блан е нов тренер на екипата на Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Како што потврди раководството на клубот, Блан потпишал договор на две години што значи дека екипата ќе ја води до јуни 2026. Во договорот на Блан има и опција да се продолжи на уште една.

Се очекува и негово прво засилување да биде Хусем Оуар. Со доаѓањето на Блан се зголеми француската колонија во овој клуб бидејќи тука се веќе Бензема и Канте.

Последниот ангажман Блан го имаше во Лион каде што доби отказ во септември по трите порази во првите четири натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот