Фото: EPA/MAURIZIO BRAMBATTI

Легендарниот Фатих Терим станува селектор и ќе се бори за Мундијал?

Легендарниот Фатих Терим би можел брзо да се врати на тренерската сцена, само неколку месеци откако ја напушти клупата на Ал Шабаб.

Искусниот турски стратег, кој ја одведе репрезентацијата на Турција до полуфинале на Европското првенство во 2008 година, се споменува како можен нов селектор на Чешка.

Имено, Терим е во одличен однос со Павел Недвед кој е директор во Фудбалскиот сојуз на Чешка и нивната пријателска врска би можела да биде клучна во неговиот ангажман.

Во моментов Чесите ги предводи Иван Хашек, но сè погласни се шпекулациите дека неговиот мандат би можел да заврши наскоро.

Чешка бележи солидни резултати во квалификациската група со Хрватска, Фарски Острови, Црна Гора и Гибралтар, но поразот од Хрватска со убедливи 5:1 значително им ги намали шансите за директен пласман на Светското првенство и веројатно ги чека борба за плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот