Фото: ФФМ

Легендарниот Андон Дончевски им посака среќа на фудбалерите пред двата натпревари во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација утрово го одработи последниот тренинг пред летот за Рига каде што на 10 октомври ќе игра натпревар против Летонија.

На денешниот тренинг фудбалерите беа посетени и од легендарниот Андон Дончевски.

Првиот селектор во историјата на македонската „А“ репрезентација им посака среќа на избраниците пред двата дуели со Летонија и Ерменија во Лигата на нации.

Македонија во овие два натпревари влегува како лидер во групата, а нашата цел е и таму да останеме по завршувањето на двете средби. Натпреварот против Ерменија го играме на 13 октомври исто така на гостински терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот