
Легендарната Стиви Никс: „Бев зависничка од кокаин, а потоа пластичен хирург ми го спаси животот“
Стиви Никс, која се прослави во седумдесеттите години како пејачката на групата „Флитвуд Мек“, развила зависност од кокаин, користејќи го за да се смири пред настапите бидејќи бурниот живот ѝ го нарушил менталното здравје.
Препорачано
Сега таа проговори за повремената употреба на дрога, која преминала во зависност, и дека пластичен хирург ѝ го спасил животот, пренесува „Мирор“.
„Успеав да се спасам. Поминав низ прилично страшни моменти, но се спасив… Преживеав кокаин“, изјавила Никс, која инсистирала да не ги открива деталите за нејзината зависност. Сепак, таа откри дека пластичниот хирург ѝ дал предупредување откако го посетила на операција на носот во 1986 година.
„Реков: ‘Што мислиш за мојот нос?’ И тој рече: ‘Па, мислам дека следниот пат кога ќе употребиш кокаин, можеби ќе паднеш мртва’“, раскажува пејачката која, според пластичниот хирург, имала дупка со големина на паричка на носот поради долготрајните употреба на кокаин.

Хирургот додал дека ако не престане да користи дрога, може да го изгуби носот.
Како што пренесува „Мирор“, Никс рекол дека и останатите членови на „Флитвуд Мек“ биле зависни од дрога, но дека таа била најлошата зависничка.
„Бев девојче, бев кревка и консумирав многу кокаин“, рече таа.
По опомената од пластичниот хирург, таа отишла на рехабилитација и ѝ препишале лекови против болки за кои повторно завршила на рехабилитација во 1993 година.
Сега користи марихуана повремено, само кога пишува песни, но има граници.
„Тоа е мојата единствена мала работа што можам да ја направам. Ја користам како алатка и многу сум внимателна. Добивам резултати, но ако почнам да мислам дека тоа ќе доведе до нешто страшно – ќе престанам“, додаде.