пети смит
Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Легендарната Пети Смит хоспитализирана: Поради ненадејна болест го откажа настапот во Италија

Рок-иконата Пети Смит е хоспитализирана поради „ненадејна болест“ во италијанскиот град Болоња, каде што е на турнеја.

Пејачката (76) требало да настапи во театарот „Дусе“, но, според странските медиуми, била задржана на лекарски преглед и настапот бил откажан.

Театарот објави соопштение во кое се вели: „Со големо жалење ја информираме љубезната публика дека концертот на Пети Смит нема да се одржи поради ненадејна болест на уметницата. На сите ни е жал за непријатностите. На уметницата ѝ посакуваме сè најдобро и брзо закрепнување“.


Последниот настап на Пети Смит беше во катедралата во Модена во саботата вечерта, како дел од нејзината осумдневна турнеја во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!