фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Леброн го „измами“ светот: Наместо одлука за кариерата – реклама за коњак

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, вчера ја возбуди спортската јавност откако најави дека ќе донесе „одлука на сите одлуки“ и дека ќе ја објави денес во 18 часот.

Мнозинството навивачи веруваа дека станува збор за негова иднина во НБА — дали ќе остане во Лос Анџелес Лејкерс, ќе премине во друг клуб или можеби ќе ја заврши својата блескава кариера. Но, на крајот се покажа дека воопшто не се работело за тоа.

Леброн ги „измами“ навивачите и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, бидејќи наместо спортска одлука, ја искористи можноста да промовира нова соработка со брендот на коњак Hennessy.

„Оваа есен, решив да ги пренесам своите таленти во ‘Hennessy V.S.O.P.’,“ изјави Џејмс во кратко видео.

Интересно е што реченицата е речиси идентична на онаа што ја изговори пред 15 години кога го најави својот премин од Кливленд во Мајами — потег кој тогаш го промени текот на неговата кариера, но овојпат, „одлуката“ беше само маркетиншки трик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот