Илустративна фотографија

Лажен оглас за аеродромот во Сараево: „Се продава неподигнат багаж“

Меѓународниот аеродром во Сараево ги информира патниците и корисниците на услуги дека на социјалните мрежи, особено на Фејсбук, е објавен лажен оглас во кој наводно се нуди продажба на неподигнат багаж за симболична цена од две евра преку сомнителната веб-страница sarajevo-airport.proven-offer.com/ba.

Лажниот оглас сугерира дека станува збор за „годишна хуманитарна продажба“ на изгубени куфери кои наводно се продаваат со можност за враќање на парите. Всушност, аеродромот не организира продажба на багаж преку интернет, ниту преку трети страни.

„Сакаме да напоменеме дека ова е лажна страница која се претставува како официјална страница на аеродромот во Сараево. Случајот е пријавен кај надлежните органи и ги повикуваме корисниците да бидат особено внимателни додека не се отстрани“, се вели во соопштението на аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот