фото: РК Алкалоид

Лазаров: Најважно од сѐ ни беше да се пласираме во следната фаза

Ракометниот клуб Алкалоид е во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп, македонскиот претставник тим беше подобар од РК Вест Виена од Австрија и во вториот дуел (32:29).

Тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров на прес-конференцијата по мечот кажа дека е најважен е пласманот во следната фаза:

– Најважно од сѐ ни беше да се пласираме во следната фаза и тоа го остваривме. Игравме против една млада екипа од Австрија која покажа на сите нас како се игра и како се бори до последен здив, на специјален и модерен начин – изјави Лазаров.

Следниот ривал во европското клупско натпреварување тимот на Лазаров со жрепка ќе го дознае на 3 декември.

– Ова беше едно огромно искуство за нас, против себе имавме одличен ривал. Во 24 часа да одиграш два меча со било кој противник не е лесно – рече голманот на РК Алкалоид, Иван Галевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот