Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лазар Ристовски/Аница Лазиќ

Лазар Ристовски ја исфрлил поранешната сопруга од серијата и ја ангажирал својата 39-годишна девојка

Лазар Ристовски (70) ја исфрлил поранешната сопруга Даница од актерската екипа на серијата „Dream Team“ и ја ангажирал својата нова девојка Аница Лазиќ, која е 39 години помлада од него.

Даница во првата сезона од споменатата серија ја глумеше спортската коментаторка Јованка Канаѓанин. Овој лик беше целосно исфрлен во втората сезона. На Аница сега ѝ ја доделил улогата на Босиљка.

„Лазар ја сними оваа серија откако објави дека се разведува од Даница со која беше во брак речиси пет децении. За да избегне каква било средба меѓу нив или таа да не се посомнева дека по разводот има нешто повеќе меѓу него и Аница отколку колегијална врска, Ристовски решил дека е најдобро да го отстрани ликот на Јованка од втората сезона на серијата чиј продуцент и главен актер е тој. Тоа дури сега го сфатија сите што работеа на серијата, вклучувајќи ја и самата Даница, на која ова и беше една од омилените улоги во кариерата“, вели извор за српскиот портал „Курир“.

Во февруари минатата година Лазар и Даница објавија дека одлучиле да се разведат. Веста за нивниот развод изненади многумина, бидејќи тие важеа за еден од најхармоничните парови во шоуто.

„Следејќи ги конзервативните обичаи, можеби можевме да продолжиме да живееме заедно, за да се докажеме, не знам кому, но секако поздраво и поискрено е што се решивме на овој чекор. Во последно време се гледавме еден со друг со очи кои го изгубија жарот, ентузијазмот и љубовта што не грееја повеќе од четириесет години“, изјавил Ристовски за магазинот „Глорија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот