Сергеј Лавров и Дарија Дугина
Фото: EPA

Лавров: Нема да има милост за убијците на Дугина

Нема да има милост за убијците на Дарија Дугина, убиената ќерка на еден од најистакнатите руски националистички идеолози, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Тоа е варварско злосторство за кое нема да има прошка… Не смее да има милост за организаторите, командантите или извршителите”, рече Лавров пред медиумите.

Руските безбедносни служби ги обвинија украинските тајни служби дека го поставиле експлозивот во автомобилот на Дугина. Киев негира каква било вмешаност.

Убиството ја шокираше Русија, во мигови кога руските власти се обидуваат да го убедат населението дека инвазијата на Украина нема негативни последици за Русите.

Но, конфликтот станува сè повидлив последните неколку недели, со серијата експлозии на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија каде многу од жителите на земјата ги поминуваат годишните одмори.

Дугина беше убиена во саботата при експлозија на бомба поставена во нејзиниот автомобил во близина на Москва.

Истакнати политичари, нејзини колеги националисти и пријатели денеска се простија од Дугина.

Нејзиниот татко Александар Дугин (60), кој со години се залага за создавање нова руска империја што ќе вклучува територии на земји како Украина, пред присутните на погребот рече дека неговата ќерка умрела за Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот