Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Лавров: Нападот на Израел врз Катар ќе ја зголеми дестабилизацијата на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека нападот на Израел врз Катар води кон понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток, пренесува Танјуг.

„Веста за оваа акција ја примивме со длабока загриженост. Сметаме дека е грубо кршење на меѓународното право, првенствено на Повелбата на ОН, како посегнување по суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава, чекор што води кон понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток“, рече Лавров на состанокот на Стратешкиот дијалог на Советот за соработка Русија-Заливот, пренесува Интерфакс.

Оценувајќи дека „ваквите акции секако заслужуваат најсилна осуда“, Лавров додаде дека на денешниот состанок ќе бидат развиени заеднички чекори за да се минимизираат негативните последици од оваа акција за регионот.

„Русија ќе биде подготвена да му помогне на Советот за соработка на секој можен начин во развивањето колективна линија во форматот на Советот, во форматот на Лигата на арапските држави и, како што јас го разбирам, во форматот на Организацијата за исламска соработка“, рече Лавров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот