
Лавров го обвини Западот дека ги турка Бошњаците во конфликт со Србите и Хрватите
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека Западот ги турка Бошњаците во БиХ по погрешен пат, односно кон уништување на Дејтонскиот мировен договор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Наместо да се почитува овој договор, Западот ги турка Бошњаците во конфликт со Србите и Хрватите“, изјави Лавров пред новинарите во Москва по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Лавров нагласи дека претседателот Додик и раководството на Република Српска со децении се борат доследно да го почитуваат Дејтонскиот мировен договор, додека Западот и неговите претставници го кршат.
Тој истакна дека Босна и Херцеговина функционира врз основа на рамнотежата на трите составни нации и нагласи дека кршењето на консензусот што е негова основа е злосторство и повик за уште една војна на Балканот.
„Тоа е обид за провокација со цел да се спроведе насилно сценарио за употреба на груба воена сила, за потиснување на Србите и кршење на нивните права, како што се случува во Косово и Метохија“, рече Лавров.
Тој им порача на сите вклучени во политиката во БиХ да бидат искрени и да ги исполнат своите обврски.
„Не сум сигурен дека властите во Сараево и европските престолнини ќе ме слушнат, но ова е нашиот став и потребно е да се бориме за правда и фер игра“, нагласи Лавров, објави Срна.