Лав / Фото EPA-EFE/Daniel Irungu

Лав убил чувар во зоолошка градина во Нигерија

Чувар во зоолошката градина на универзитет во Нигерија е убиен од еден од лавовите за кои се грижел речиси една деценија. Олабоде Олавуи, кој бил одговорен за зоолошката градина на Универзитетот Обафеми Аволово (ОАУ), бил нападнат додека ги хранел лавовите, соопшти ОАУ.

Неговите колеги не можеле да го спасат бидејќи „дивата мачка веќе предизвикала тешки повреди“, се додава во соопштението на Универзитетот. Лавот оттогаш е усмртен. Чуварот на зоолошката градина, ветеринар, „се грижеше за лавовите уште од нивното раѓање во кампусот пред околу девет години“.

„Но, трагично, машкиот лав го уби човекот кој ги хранеше“, соопшти ОАУ.

Нигеријците на социјалните мрежи споделуваат слики од инцидентот на универзитетот во сопственост на федералната влада во државата Осун. Се вели дека веста за инцидентот ја растажила универзитетската заедница. Универзитетот испрати тим до семејството на починатиот за да ги утеши.

Нејзиниот заменик-канцелар, професорот Адебајо Симеон Бамире, рече дека е „скршен“ од инцидентот и наредил темелна истрага „за непосредните и далечните причини за инцидентот“, пренесува Би-Би-Си.

Водачот на синдикатот на универзитетските студенти, Абас Акинреми, за нигерискиот весник „Вангард“ изјави дека нападот бил предизвикан од „човечка грешка“ откако чуварот на зоолошката градина заборавил да ја заклучи вратата по хранењето.

Тој го опиша инцидентот како несреќен, додека му оддаде почит на починатиот чувар на зоолошката градина како „добар и скромен човек, кој убаво нè погрижи секогаш кога одевме во зоолошката градина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот