Леб/ Фото Слободен печат/

Лани „Жито Лукс“ бил во загуба 113.000 евра

Најголемиот производител на леб „Жито Лукс“ вчера ги објави резултатите на Македонската берза. Според извештајопт, компанијата имала загуба пред оаданоќувае од одоку 113.000 евра.

„Споредено со минатата 2021 година, Компанијата успеа да го подобри финансискиот резултат за 10 милиони денари (162.000 евра н.з). Во 2022 година, компанијата оствари загуба пред оданочување од 7 милиони денари (113.000 евра н.з).

Замрзнатите цени на производите од категоријата леб и брашно во јануари и февруари, како и енормното зголемување на цените на енергенсите (300%) и суровините (од кои пченицата како основна суровина 42%), се главните причинители за негативниот ефект“, пишува во образложението на финансиските резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот