
Лабуристите бираат претседател: Пет кандидати можни наследници на Корбин
Најголеми шанси имаат Ребека Лонг-Бејли (40) и Кеир Стармер (57).
Петмина британски пратеници ја добија потребната поддршка за да можат да се кандидираат за должноста претседател на Лабуристичката партија и да го наследат Џереми Корбин, со што ќе добијат можност да ја обноват партијата која на парламентарните избори доживеа тежок пораз од конзервативците предводени од Борис Џонсон, соопштија лабуристите.
Препорачано
Само еден кандидат, Клив Луис не доби поддршка од 22 парламентарци, па се откажа од трката.
Најголеми шанси имаат Ребека Лонг-Бејли (40) и Кеир Стармер (57).
Лонг-Бејли ја сметаат за природен наследник на Корбин, кој е краен левичар, а беше критикуван поради неговиот радикализам и одбивањето да се изјасни за Европската унија во предизборната кампања.
Кери Стармер, еурофил, во последните три години во Лабуристичката партија беше задолжен за Брегзит. Поранешниот главен обвинител во Англија и Велс редовно се користеше за критикување на конзервативната влада.
Кандидатите кои ја поминаа селекцијата до 14 февруари треба да добијат поддршка од 5 отсто од месните одбори на партијата или од организации, меѓу кои барем два синдикати блиски до Лабуристичката партија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5