Комисија за заштита од дискриминација / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Собраниската комисија може уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата со „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

По изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум, Комисијата за заштита и спречување диксриминација најави дека можно е уште денеска да расправаат по оваа информација.

Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, според кој, ако Комисијата добие претставка од граѓани, би постапувала согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, истакна Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отстиство и боледување.

Информацијата дека Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела Николовски ја соопшти вчера, во телевизиско гостување. Рече дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д и дека ова ексклузивно го кажува јавно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот