
Квалификации за Лигата на шампионите: ТНС најави одмазда против Шкендија
Македонскиот шампион утревечер на Островот игра против ТНС во првиот меч од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Велшкиот клуб веќе еднаш беше елиминиран од Шкендија во оваа квалификациска фаза што се случи во 2018 година и овојпат најави дека сака да им врати мило за драго на тетовци
Македонскиот шампион Шкендија ја започнува фудбалската сезона утревечер со меч во Велс, каде ќе се сретне со тамошниот претставник ТНС во првото квалификациско коло за групната фаза од Лигата на шампионите. Реваншот се игра за една недела во Македонија.
Препорачано
Шкендија веќе еднаш го елиминира велшкиот клуб во квалификациска фаза за ЛШ, во 2018 година. Велшаните изгубија 0-5 во првото коло во Скопје, а потоа дома победија 4-0 што не беше доволно да минат понатаму. Тие ова не го заборавиле, ако се суди според изјавата на менаџерот Крејг Харисон кој најави одмазда за таа елиминација.
– Тоа било тешко искуство, да бидете елиминирани за еден гол. Сега имаме можност да им вратиме мило за драго. Тогаш јас не бев во клубот, но сега ќе се обидеме да ја поминеме таа прва рунда со Шкендија. Ќе биде тежок овој прв натпревар, а ќе биде тежок и реваншот – вели Харисон, а пренесува Би-би-си.
ТНС минатата сезона стана прв клуб од велшкото првенство кој стигнал до групната фаза на европско натпреварување, пласирајќи се во Конференциската лига.
Шкендија против велшкиот ТНС во првото квалификациско коло за ЛШ