Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Кузеска: СДСМ најостро го осудува насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија

Протестот е уставно и демократско право. Но, насилството и сликите коишто вчера ги видовме, повредени полицајци, насилници со качулки  на виделина ја покажа вистинската цел на деструкцивната анти-европска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. СДСМ најостро го осудва насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија во земјата, нови поделби и раздор и да се закочи целата држава, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

-Тоа е вистинскот лице и вистинската цел на анти европската коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица. Во период кога траат широки и инклузивни консултации ВМРО-ДПМНЕ и Левица, наместо дијалог и конструктивност, одбраа да организираат насилни протести, да шират лажни вести измислуваат црни сценарија со кои ја плашат јавноста. Тоа е уште еден доказ дека Мицкоски и Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мислат добро на државата, не им мислат добро на граѓаните. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози иднината на државата, нагласи Кузеска.

СДСМ им порачува на сите деструктивни сили дека нема да дозволат да се загрози стабилноста на државата.

-Нека не се обидуваат да го повторат упадот од 27 април. Тоа нема да го дозволиме. Ние сме членка на НАТО и продолжуваме по евро-атланскиот пат. Пред нас е предлог кој е согласност со нашите црвени линии, предлог кој содржи чиста формулација на македонскиот јазик, кој гарантира дека историските прашања со Бугарија нема да бидат дел од преговарачката рамка. По години чекање, конечно имаме можност сосема заслужено да започнеме со преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица и нивните деструкции нема да ја загрозат европската иднина на државата, нагласи портпаролката на владејачката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот